(ВИДЕО) Ликвидиран руски офицер на Крим

од Milan1
120 прегледи

Нападот што се случи денеска во Севастопол е целно убиство на руски офицер, организирано од Украинската служба за безбедност (СБУ), пишува Киев Индипендент.

Весникот објави дека бил извршен напад со автомобил-бомба и дека во таа прилика бил убиен офицерот на руската морнарица Валериј Транковски.

Истиот извор тврди дека се работи за организирано убиство на рускиот офицер извршено од украинската СБУ. Претходно руските власти на окупираниот Крим соопштија дека војникот загинал по експлозијата.

Ликвидираниот капетан на руската морнарица бил началник на штабот на 41-та бригада на ракетни бродови и „воен злосторник кој нареди лансирање на крстосувачки ракети од Црното Море на цивилни локации во Украина“, пренесува Киев индипендент.

Според други извештаи, тој починал поради губиток на крв откако експлозијата му ги скинала нозете.

Рускиот офицер, наводно, бил одговорен за ракетниот напад во јули 2022 година врз градот Виница, во кој загинаа 29 луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.

Тој, исто така, ги надгледуваше нападите врз Одеса и други градови, во кои загинаа многу цивили, рече извор на весникот Киев.

Според руските канали Транковски бил со чин капетан 1-ва класа.

Рускиот медиум „Маш“ тврди дека Транковски бил следен од украинците околу една недела и дека под возачката страна на неговиот автомобил била поставена импровизирана експлозивна направа и активирана од далечина

Неколку руски офицери кои учествуваа во војната против Украина беа пронајдени убиени во Русија или на териториите окупирани од Русија во текот на целата војна.

Неодамна, мајорот Дмитриј Периуха беше убиен во центарот на окупираниот од Русија Луганск, откако неговиот автомобил експлодираше на 18 октомври.

Периуха, наводно, бил вклучен во воени злосторства против Украина. Служел во 273-от разузнавачки центар на вооружените сили на Русија.

Слични содржини