48
Човек во Германија украл багер и го однел од Грунсфелд до Таубербишофсхајм (во Баден-Виртемберг). Полицијата се обидела да го спречи, но безуспешно. На крајот го застрелаа. Тој починал на лице место, пишува „Билд“.
Откако украл багер, удрил во возила, оштетил неколку полициски автомобили и повредил полицаец.
Според достапните информации, мажот украл багер од градилиштето на градежна компанија во Грунсфелд околу 13 часот и 35 минути, а потоа тргнал кон Таубербишофсхајм. Неколку полициски патроли се обиделе да го запрат багерот.
Засега нема информации кој е човекот кој го украл багерот ниту за мотивите на нападот.