Боби Мојсовски има 22 години и доаѓа од Охрид. Тој се претстави пред жирито на Икс фактор синоќа со изведбата на хитот „Бед оф роузес“.
Судиите беа воодушевени од моќта на неговиот глас, кој Александра Ковач го нарече „чист како езеро“. Масимо пак сподели дека изведбата го наежила и дека Боби е готов производ.