Дуото Тања Бојковска и Владимир Ризовски кои настапуваат под името „Спарклс“ се претставија со хитот Too close to love you, a потоа и со македонската Некогаш и негде. Со три потврдни одговори од судиите, добија влез во следната фаза.
Давид Темелков, пак настапи со песната Kiss from a rose, која, како што самото жири подоцна посочи, беше одличен избор за да се истакне специфичноста на неговиот прекрасен глас.
Тој доби 4 „да“ и овации од публиката.
https://www.youtube.com/watch?v=Cw880RGRFqk