(ВИДЕО) Усик уапсен па пуштен на аеродромот во Краков

од Milan1
44 прегледи

Актуелниот светски шампион во бокс, Олександр Усик бешее уапсен на аеродромот во Краков. Во мај оваа година, Усик стана првиот боксер во историјата кој обединил четири титули (ВБЦ, ВБО, ВБА и ИБО) со победата над Тајсон Фјури.

Веста за апсењето го шокираше светот, особено навивачите на овој Украинец, а ја сподели и украинскиот борач Жан Белењук. На социјалните мрежи брзо се појави видео од апсењето на кое се гледа боксер со лисици додека полицијата го придружува.

Сепак, неколку часа подоцна боксерот објави дека станува збор за недоразбирање.

„Драги пријатели. Се случи недоразбирање, брзо беше решено. Ви благодариме на сите што беа загрижени. Ви благодариме на украинските дипломати за нивната ефективна поддршка. И почит кон полската полиција за извршување на нивните должности“, рече Олександр Усик.

Реагираше и украинскиот претседател Владимир Зеленски.

„Му дадов инструкции на министерот за надворешни работи Андриј Сабиха и на министерот за внатрешни работи Игор Клименко веднаш да ги разгледаат деталите од инцидентот на аеродромот во Краков. Сега се е в ред и нашиот шампион е пуштен на словода. Бев разочаран од односот кон нашиот шампион и граѓанин на Украина“, изјави Зеленски.

Усик бил уапсен додека патувал кон Лондон каде в сабота ќе го гледа во живо дуелот меѓу Ентони Џошуа и Даниел Дубоа, во тешка категорија, во верзијата ИБФ.

Слични содржини