Во Мароко во пренос на национална телевизија покажаа како жените можат да користат шминка, за да ги скријат трагите од семејно насилство, пренесува “Гардијан”.
Во дел од секојдневниот пренос “Сабахијат” на Канал 2м беше прикажана насмевната шминкерка која покажува како да бидат маскирани трагите од тепање, на жена со лице нашминкано за изгледа подуено и со модринки по него.
“Се надеваме дека овие совети за убавина ќе ви помогнат да продолжите со своето секојдневие”, рече водителката конечно.
Емитувањето се случило два дена пред Меѓународниот ден за прекин насилството над жените. Реакцијата била итна и лута. Петиција потпишана од стотици жени, повикува на извинување и казна за медиумот.