(ВИДЕО) Вака интернетот ги замислува САД по царините на Трамп

од Milan1
185 прегледи

Додека трговската војна меѓу Кина и САД продолжува да ескалира, исмејувањата генерирани од вештачката интелигенција станаа вирални на социјалните медиуми. „Видеата“ ги прикажуваат Доналд Трамп и неговите соработници, како и други Американци, како работат во фабрики и произведуваат различни работи.

Во најновиот развој на настаните, Кина денес му одговори на Трамп со зголемување на царините за американски производи од 84 на дури 125 проценти. Американскиот претседател на почетокот на неделата објави дека привремено ќе ги паузира царините за други земји, но во исто време ќе ги зголеми царините за кинеските производи на 145 проценти.

„Доколку САД покажат решеност да продолжат значително да ги газат интересите на Кина, Кина решително ќе се спротивстави и ќе се бори до крај“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за финансии.

Додека трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот продолжува, интернетот одговори со својот стандарден потсмев. Виралното видео ги прикажува Трамп, Илон Маск, Џ.Д. Венс и други членови на екипажот на MAGA во сини комбинезони како изработуваат патики во фабрика, прицврстувајќи врвки на црни чевли.

Коментарите на социјалните мрежи брзо следеа.

Од друга страна, производителите на обувки не го сметаа првото видео за толку смешно, туку напротив го изразија своето незадоволство од новите царински давачки.

Девлин Картер, основач на луксузниот бренд „SIA Collective“, кој го има поголемиот дел од своето производство во Кина, изјави за „NBC News“: „Овие царини се смешни. Малите бизниси како мојот мора да ги платат и тоа не е мала работа. Тоа е огромен трошок. Ова не е добро за никого и е сосема непотребно.“

Пепер Харвард, директор на „Ока Брендс“, која има фабрика во Џорџија, размислува слично: „Екосоставотза производство на обувки всушност не постои тука. Сите се заинтересирани за американското производство, но многу малкумина се навистина подготвени да инвестираат во него.“

 

@drivegreen0 Well, the “American Dream” really did come true 😅🤣 #TradeWar #Tariffs #Trump #Musk #Tesla #USA #China #madeinusa #american #dream ♬ original sound – DriveGreen

“>

Слични содржини