(ВИДЕО) Вака изгледа украинската одмазда за нападот на Суми

од Milan1
135 прегледи

Генералштабот на Вооружените сили на Украина го потврдил уништувањето на 448-та ракетна бригада на руската армија во Курската област, која извршила ракетен напад врз градот Суми, известува УНН.

Две руски балистички ракети го погодија центарот на северниот украински град во недела, при што загинаа најмалку 34 лица, а 117 беа повредени. Според украинските официјални лица, тоа е најсмртоносниот напад врз Украина оваа година.

Од вооружените сили на Украина учествувале единици за беспилотни системи, специјални оперативни сили и безбедносната служба на Украина, во соработка со други единици. Тие наведуваат дека нападнале „голем број објекти во Курската област, поврзани со воени злосторници кои учествувале во ракетниот напад врз градот Суми на 13 април 2025 година и други воени злосторства против народот на Украина”

– Постојаната база на 448-та ракетна бригада на руските окупатори била особено погодена, а исто така била забележана и секундарна детонација на муниција. Резултатите од нападот сè уште се утврдуваат. Секоја руска воена единица и нивните војници кои гранатираат мирни градови и цивили во Украина, ќе бидат идентификувани и сигурно ќе доживеат одмазда. Насочената и систематска борбена акција на важни воени објекти на руските окупатори ќе продолжи до крајот на вооружената агресија на Руската Федерација против нашата земја“, објавија украински официјални лица.

Слични содржини