(ВИДЕО) Вака пред странските купувачи- Путин стана рекламно лице на новата Лада

од desk3
106 прегледи

Претседателот на Русија, Владимир Путин, стана рекламно лице на возило. И тоа не каков да е автомобил, туку “Лада”.

Ако името “Лада” предизвикува носталгични сеќавања за “Самара” и “Нива”, време е да го разбиеме митот за рускиот автомобил со амортизери од камион и суспензија, што може да служи за сè, освенвози удобно.

Станува збор за новата “Веста”. Во неа инженерите од АвтоВАЗ се обидуваат да го комбинираат најдоброто од азиската електроника со англискиот дизајн и француските автомобилски технологии. Воопшто, освен фактот дека се составува во фабриката во Ижевск, има премалку руски работи во новата Лада.

<iframe width=”560″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/kcWMiA0TCUk” frameborder=”0″ allowfullscreen></iframe>

Во опременоста на возилото се вклучени автоматски клима уред, автоматски менувач, електрични стакла и огледала, автопилот, специјални седишта кои даваат дополнителна поддршка на грбот и можат да се загреваат, мултифункционален волан итн

На централната конзола има 4,3 или 7 инчен дисплеј, во кој, само со допир, може да се контролираат голем број на функции на автомобилот.

Дизајнот на Веста е дело на Англичанецот Стив Мати, кој освен со АвтоВАЗ работел и со “Мерцедес” и “Волво”. При конструирањето на возилото се користела технологија обезбедена од француско-јапонската гигант Renault-Nissan.

Во однос на погонот Веста за сега нуди избор помеѓу два бензински мотори со зафатнина од 1,6 и 1,8 литри, и моќ односно 106 КС и 122 КС

Сериското производство започна на 25 септември, а автомобилот ќе се нуди официјално на пазарот во Русија од следната недела на цени меѓу 495 илјади и 600 илјади рубљи (7000 -8500 евра) во зависност од додатоците. Планирано е автомобилот да се продава и во Источна Европа и Латинска Америка.

Путин изгледа задоволен од краткото тест возење, единствените нешта кои подлежат на прашање се ограничувањата за брзината и малку чудниот избор на боја на тест возилото.