(ВИДЕО) Ванхауте: Синдикатите се најнефункционален дел од вашето граѓанско општество

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Screenshot_52-685x320

 

Синдикатите се најнефункционален дел од вашето граѓанско општество, истакна на денешната дебата „Нов приод за Македонија: Морковот и стапот за решавање на политичката криза“, посочува поранешниот медијатор во Македонија, Питер Ванхауте, кој е цитиран од а1он.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ не сакала да го вклучи граѓанскиот сектор во преговорите.

– СДСМ понекогаш носеше претставници од медиумите кога зборувавме за медиумската сфера, а ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да разговара со граѓанскиот сектор, тие сметаа дека се си знаат, истакна Ванхауте.

Тој го дели мислењето со извршната директорка на Фондацијата отворено општество Македонија, Фани Каранфилова Пановска дека граѓанскиот сектор мора да се вклучи во преговорите./ извор а1он