Храбар маж на мотор се обидува да го запре камионот убиец кој прегази над 80 лица на крајбрежниот булевар во Ница.
Оваа несебична активности на мажот, кого многумина веќе го опишаа како херој, се запечатени на аматерски снимки од местото на трагедијата.
Во видеото се гледа како човекот за кого се смета дека е полицаец вози со се поголема брзина, обидувајќи се да запре камионот.
Во еден момент тој го остава моторот и продолжува да трча по тешкото возило.
Успева да се закачи од едната страна на возачката кабина, очигледно обидувајќи се да влезе внатре и да ги прекине активностите на човекот зад воланот.
Сеуште непознатиот јунак не бега, дури и кога полицајците почнуваат да пука во камионот.
Не е јасно дали до оној момент камионот веќе прегазил некоја од жртвите.
