303
Модната дизајнерка Викторија Бекам одржа своја ревија на модната недела во Париз во септември.
Иако важи за „ладна“ личност и медиумите често ја карактеризираа како „жена која никогаш не се насмевнува во јавност“, таа на споменатата ревија не ги криеше емоциите.
Имено, додека одеше по пистата Викторија се расплака, а во подкастот на Дру Баримор објаснила и зошто.
„Сакав да излезам на крајот од ревијата и сакав убава фотографија од мене како чекорам по пистата. Но, тогаш ги видов Дејвид, децата, мајка ми, татко ми и сестра ми и едноставно не можев да се воздржам. Навистина не можев. Семејството ми е најважно. Сите дојдоа да ме поддржат и тоа ми е важно“, изјави Викторија.