Непосредно по објавувањето на две многу важни вести, од Victoria’s Secret нè изненадуваат со уште една новина.
Веќе го знаеме точниот датум на церемонија-спектакл , очекуваме да ја видиме Јасмин Тукс со градникот за милиони Fantasy Bra , а сега брендот нè “загрева” со нова колекција чипкани градници.
Новата линија носи елоквентното име “Beautiful” и ги исполнува сите барања за да ги направи своите обожавателки особено убави.
Позираат со панделки,тул и убави капи, најубавите модели позираат во исклучително сексапилни пози и нè подготвуваат за празничната сезона.
Моделот со push-ефект е достапен, а палетата на бои се карактеризира со заситени нијанси на зелена, розова и нежно виолетова.
Сите кадри од рекламната кампања можете да ги видите во нашата галерија.