Влатко Ѓорчев, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во 2016 година ги молел властите во САД да не ја рушат Владата на тогашниот македонски премиер Никола Груевски, тврди Кетрин О Нил, поранешна вработена во Стејт департментот, во поткастот на Тим Пул.
Таа првично не можеше да се сети на името но го опиша како висок и со типичен лик на источноевропеец. Човекот дошол во нивната канцеларија и молел: „Ве молам, ве молам, запрете ја вашата влада во обидот да ја сруши нашата“.
Подоцна, во текот на поткастот, Кетрин О Нил го пронајде Владимир Ѓорчев на фотографија на сајтот на македонското Собрание и потврди дека тој е човекот кој во 2016 година се сретнал со нејзината шефица за време на молитвениот појадок.
О Нил тогаш работела во надзорот над владините агенции, меѓу кои и УСАИД.