Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Центар, денеска на седница предложија референдумот за изгледот на ГТЦ, да биде распишан на ниво на целата држава, со аргумент дека во неговата изградба учествувале повеќе државни фирми-информира А1он
На тоа, градоначалникот на општината Андреј Жерновски, реплицираше, прашувајќи ги зошто, кога беше донесена одлука за „Скопје 2014“ не беа консултирани истите тие граѓани.
„Кога беше одлучено пола милијарда евра, пари на граѓаните од цела држава да се потрошат за „Скопје 2014“, иако беше ветено дека проектот ќе чини 80 милиони евра, зошто тогаш не ја поставивте оваа теза. Ние одлучуваме за ГТЦ затоа што е територија на општина Центар.
Го повикав и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски да се приклучи на иницијативата, но веќе 10 дена немам одговор“, рече Жерновски.
Стотина активисти и граѓани се собраа пред општината за да дадат поддршка на иницијативата за референдум.
Извор и видео: А1он