Дел од планинскиот врв во австриската провинција Тирол се урна, испраќајќи над 100.000 кубни метри карпи во долината под него и предизвикувајќи масивни лизгања на земјиштето.
Карпите почнале да паѓаат од Флухторн, планина висока речиси 3.400 метри во Алпите Силврета на швајцарско-австриската граница, во неделата во инцидент за кој геолозите велат дека бил предизвикан од топењето на „вечниот мраз“, пренесува Си-Ен-Ен.
Even seen a mountain peak crash down? This happened in Austria today… 😳 pic.twitter.com/SzlCpv9m0t
— Michael Aufreiter (@_mql) June 11, 2023
Низ социјалните мрежи се проширија видеа од местото на настанот, моментот откако се „откина“ врвот на планината, како и видеа од последиците што ги остави оваа појава.
Во падот на карпата нема повредени, се вели во извештајот на локалната полиција.
A mud and rockslide caused the peak of Fluchthorn mountain in Austria to collapse on Monday in an incident likely attributed to a recent snow melt.
A mountain rescuer captured the footage in Tyrol, close to the Swiss border. pic.twitter.com/hR5mJmGxFM
— NoComment (@nocomment) June 13, 2023
Во извидувачки лет над погодената област, државните геолози направија првични проценки за количеството на карпи, но рекоа дека можеби се конзервативни бидејќи ќе биде потребно време за да се добие попрецизна слика.
„Ова е релативно голем инцидент, зборуваме за најмалку 100.000 кубни метри карпа која отпадна, веројатно и повеќе од тоа“, рече Томас Фигл, државен геолог, во видеото направено од владата на Тирол.