На 6 ноември во центарот на Киев претставници на левичарските движења спроведоа протести во врска со 72-годишнината од ослободувањето на Киев од германските војници, соопшти “Русскаја Весна” .Членови на Напредната социјалистичка партија на Украина и движењето “Боротба” спроведоа митинг пред Врховната Рада и во Маринскиот парк крај споменикот на генерал Ватутин со црвени знамиња, антинацистички постери и Георгиевски ленти.
“Денес на 72-годишнината од ослободувањето на градот-херој Киев од фашистичките освојувачи, градот повторно е во окупација на олигарси и нивните нацистички помагачи. Близок е сепак часот кога Црвеното знаме на борбата за подобар свет, знамето на победата над идеологијата на фашизмот, гордо ќе се вее на улиците и плоштадите на главниот град на Украина “- изјавуваат Киевските активисти од” Боротба “на својот сајт.
Командантот 1 и Украински фронт генерал Николај Ватутин (42 година) е смртно ранет во април 1944 година во престрелка со бандеровците од Украинската бунтовничката армија. Денешните продолжители на идеологијата и делото на УВА инсистираат споменикот на генералот да биде уништен.
