(ВИДЕО) Во Косово се апсат поранешни припадници на УЧК, меѓу нив и поранешен министер

од Milan1
132 прегледи

Косовските специјалци денеска го уапсија поранешниот градоначалник на Малишево, Исни Килај, потоа поранешниот шеф на Косовската разузнавачка агенција Башким Смакај и Фадил Фазилу, соопштуваат косовските медиуми.

Специјалните единици упаднале и во куќата на поранешниот министер за правда, Хајредин Кучи.

Кучи е уапсен додека полициските сили го блокирале патот што води до неговата куќа.

Апсењата на овие поранешни припадници на УЧК се вршат  по налог на Специјалниот суд во Хаг, во соработка со полицијата на ЕУЛЕКС во Косово.

 

Слични содржини