(ВИДЕО) Во Турција за два дена починале 23 лица, најмалку 43 хоспитализирани, пиеле домашен алкохол

од Milan1
22 прегледи

Дваесет и три лица во Истанбул починале во рок од 48 часа по пиење домашен алкохол, соопштија вчера турските власти. Најмалку 43 лица се хоспитализирани, од кои 32 се на интензивна нега, соопштија турските власти.

Од почетокот на новата година вкупно 34 лица починале како последица на пиење домашен алкохол за кој се верува дека причината е метанол, пишува „Си-би-ес њуз“.

Метанолот е супстанција што често се додава во алкохолот за да се зголеми неговата јачина. Често се користи во нелегално произведени производи наместо етанол бидејќи е поевтин, според студијата што го истражувала нелегалното производство на алкохол во јужна Турција. Сепак, метанолот може да предизвика слепило, оштетување на црниот дроб и смрт.

Труењето предизвикано од домашен алкохол е доста честа појава во Турција, каде што приватното производство на алкохол вртоглаво порасна поради зголемувањето на даноците на алкохолните пијалаци. Во 2024 година 110 луѓе во Истанбул се разболеле по пиење домашен алкохол, од кои 48 починале, според владините претставници, пренесуваат медиумите во регионот.

Според написите, претседателот Реџеп Таип Ердоган, одигра клучна улога во измените на турското законодавство за алкохол. Од 2013 година Турција ги забрани рекламите што промовираат алкохол, ги спречува брендовите за алкохол да спонзорираат настани и ги забрани сцените што прикажуваат пиење алкохол во медиумите.

Слични содржини