Американските берзи забележаа уште поевтинување на нафтата. Во Њујорк цените на фјучерсите за прв пат од 12 години паднаа под 30 долари. Дури и познавачите на нафтениот пазар се заплеткале во оваа детективска приказна: што ќе се случи со цените, каде е злогласното дно под кое нафтата нема да падне? Малку или многу е јасно со што сето тоа започна. Пред две години Саудиска Арабија, загрижена од револуцијата на шкрилци во САД, почна да го зголемува производството на нафта за да го истурка од пазарот новиот конкурент. Цените тргнаа надолу – бизнисот стана непрофитабилен.

Да вади нафта, кога неговата цена е под 40 долари за повеќето американски компании е загуба. Над 30 од нив, засега мали, веќе банкротираа со долгови во износ од околу 13 милијарди долари.
Ова ќе е уште еден удар за американската средна класа, која и без тоа пострада многу во изминатата деценија. Таму каде што нафтата беше вистинска основа на животот, последиците од кризата веќе се гледаат со голо око. Цените на бензинот паднаа, но на производите, куќите, здравствено осигурување и така натаму продолжија да растат. Значи особена помош од евтиниот барел, освен од најниските цени на бензинот, Америка не добива.
Но, неутрализирајќи ја за некое време заканат за шкрилците , земјите од ОПЕК не застанаа стабилно. И во моментов поевтинувањето нафта стана оружје за идна прераспределба на глобалниот пазар.
“Доста е веројатно да не очекува војна на попусти. Уште повеќе, првата фаза на оваа војна на попусти веќе помина. Саудиска Арабија започна агресивно да дава попусти, дури и да прави дампинг – тоа се гледа на европскиот пазар “, вели Сергеј Хестанов, експерт за макроекономија.
На европскиот пазар арапските земји се почесто се натпреваруваат со Русија. Тактиката е едноставна: на сметка на дампинг предлозите да се добијат нови договори, нови терени, а потоа, воспоставувајќи монопол, може цените да бидат и подигнати. Залихите на нафта и валутна отпорност во злато земјите од Персискиот Залив имаат. Според некои проценки, Саудиска Арабија може цели пет години да продава нафта по цена која е на штета на државниот буџет.
Според други проценки, во кралството не е сè така мирно. Земјата има подуена социјална програма, голем дел од младите не работат од раѓање, чекајќи на државниот буџет. Оваа средина, задоена со радикален исламизам, лишувајќи дел од бенефициите, може да се пробунтува. При буџетски дефицит од 20% саудиските власти веќе бараат екстра пари за сметка на приватизација на државната сопственост.
Во меѓувреме на светскиот пазар излезе уште еден играч – Иран. Во годините на санкции тој натрупа во своите нафтени складишта до 80 милиони барели и изјавува за перспективите за екстракција на милион барели дневно. Иран, исто така има намера да се бори во дампинг војната за светскиот пазар. Мрачните предвидувања за цената на нафтата од 10-15 долари за барел може и да се обистинат. Макар и за кратко време.
Руската нафтена индустрија ќе издржи на овие цени. но за буџетот тоа ќе биде тежок период. Саудиска Арабија и некои други нафтени земји ги пресметаа буџетите за 2016 година по цена 29-30 долари. Веројатно, во тековната година цените ќе се околу таа цена, макар шпекулации, падови и скокови да не се исклучени.