(ВИДЕО) Вооружени полицајци ги тераат жените да ги соблечат буркините на француските плажи

од Vladimir Zorba
118 прегледи

CqnH_iIWcAAuZmH

Француската полиција принудила една жена која лежела на плажа во Ница во вторникот, да го соблече буркинито, а друга била казнета во Кан бидејќи на плажа носела хеланки, туника и марама на главата.

Ова се случува откако ова лето, градоначалникот на Кан, забрани на плажите да се носи буркини за да, како што рече, се избегне двоењето на лугето и одново, за да се заштити секуларизмот во француското општество.

Казната за непочитување на оваа забрана изнесува 38 евра и таа важи до крајот на август годинава.

Продажбата на буркини, преку интеренет, е зголенена „барем 200 отсто“ по забраната во Европа и во некои други земји, тврди австралиската дизајнерка Ахеда Занети.

Оваа облека за плажа, специјално за муслиманкте, е комбинација од бурка, традиционална женска облека кај некои муслимани и бикините, која ги остава соголени само лицето, рацете и стапалата.

Занети (48) која се смета за Австралијанка, затоа што , како што вели, целиот живот го поминала во Австралија, се облекува само во традиционалните муслимански женски облеки.

Се смета дека таа ги има измислено буркините и вели дека првичната идеја била „да им се овозможи на муслиманките, слободно да се вклучат во австралискиот начин на живот на плажите„.

-Буркинито е израз на слободата на жената и претставува здраво живеење, а не нејзино угнетување – вели Занети,инсистирајќи дека не може никој да им кажува на муслиманките што да облекуваат.

Франција првично забрани носење хиџаб (целосно покривање на жените и девојчињата, освен очите) во училиште, оправдувајќи го тоа со безбедносни причини и со неможноста од идентификација на жената што го има на себе, но и за дискредитирање на исламизмот и за одбрана на секуларизмот.