Вчеравечер се одржа втората финална вечер на Пинкови ѕвездички и како и до сега, главен судија беше публиката. Настапија 12 учесници кои со својот талент дотуркаа до последните најтесни кругови од натпреварувањето.
Од нив, десет продолжија во суперфиналето кое ќе се одржи на 4 јули и во кое ќе се дознае победникот во втората сезона на регионалното музичко шоу.
Македонски претставнички во натпреварот ќе бидат Антонија Гиговска и Мартија Станојковиќ.
На жалост во суперфиналето нема да ги гледаме Вељко Чачиќ и Ника Пурич.
Втората финална вечер ја отворија сите финалисти од првата и втората сезона на шоуто со изведба на песната „We are the world“ од Мајкл Џексон.
Погледнете ги сите настапи на учесниците во продолжение:
https://www.youtube.com/watch?v=DXUDYL9Omjw
https://www.youtube.com/watch?v=nQ2JpZcTOGc
https://www.youtube.com/watch?v=sMv-wXM4uEs
https://www.youtube.com/watch?v=7FtCvjDCr-U
https://www.youtube.com/watch?v=RFYx3qOO18k
https://www.youtube.com/watch?v=r7if81w1FcM
https://www.youtube.com/watch?v=OaHUyOT5ESc
