(ВИДЕО) Вучиќ преку Инстаграм бара Трифуновиќ да биде ослободен, ја спомна и Северина

од Milan1
20 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм побара итно ослободување на актерот Сергеј Трифуновиќ. Тој се осврна и на случајот со Северина, која Србите ја задржаа на граница.

„Пред неколку дена видовме општа хајка против државата Србија, организирана и надворешно и внатрешно, само затоа што естрадна уметничка од Хрватска беше задржана десетици минути на граничниот премин. Таа не беше приведена, уапсена или малтретирана. Истите луѓе внатре и надвор молчеа кога адвокатот Бериќ беше уапсен во Хрватска, тој беше во притвор 15 дена поради објавена песна на неговиот Фејсбук профил“. Вчера беше приведен и уапсен и одведен од граничниот премин Сергеј Трифуновиќ, човек кој е мој политички противник, основачот на Движењето на слободни граѓани. Но, тој е и државјанин на Србија, државјанин на нашата земја, тој беше уапсен, а никој не разбра за што. Најпрво барам од властите во Србија да се обидат да се борат за правдата и слободата на Сергеј Трифуновиќ преку сите дипломатски канали и апелирам до хрватските власти да разберат дека притворањето на Србите не води кон развој на подобри односи и не сакам да ги изговарам грубите зборови и квалификации што тие ги искажаа за Србија“. Молам и барам да постапат рационално и да го ослободат Сергеј Трифуновиќ“,  изјави тој.

Слични содржини