На дебатата за поразителните состојби во македонското здравство која вечерва се одржа во Кампот на слободата, пред зградата на Владата беа објавени повеќе информации за лошата слика во здравството. Овие информации не можат да се пронајдат во владините медиуми, ѕидот е создаен од лажната популистичка политика за промашените здравствени проекти и реформи.
На дискусијата на тема “Здравствениот систем во Македонија„ докторот Дејан Ставриќ изјави дека квалитетот на македонското здравство не сместува во рангот на африканскиот континент. Мислевме дека тоа доаѓа од незнаење, неинформираност или на „ступидност„, но во тоа има некоја смисла. Кога станува збор за цифри, пари кои недостасуваат во функционирањето на здравство може да се каже дека нема стотици милиони евра годишно.
За реклами се дадени околу 25 милиони евра, кои можеа барем да ги покријат почетните трошоци за изградба на новиот клинички центар.
