Ова е прекрасна можност благодарение на ИФИМЕС институтот овде во срцето на Љубљана, на Словенија, да презентираме една многу важна работа како процес што се случува во Македонија, а тоа е Вистината за Македонија, за иднината на нашата земја, за процесите коишто ги отворивме и што се нашите очекувања.
Словенија е голем пријател на Македонија, Македонија има и овде своја заедница на Македонци кои работат, секако со присуството на амбасадорите, на поранешниот претседател Стипе Месиќ, на видни членови, важни на словенското општество, како судии од Уставниот суд и многу други луѓе. Беше посебна прилика да презентираме вистини за нашата земја заради тоа што Словенија од секогаш била голем пријател на нашата Македонија. Помагајќи на патот во правец на Европската унија и НАТО, споделувајќи позитивни искуства, лобирајќи за нашата земја, секако ова беше одлична можност да споделиме со заинтересираната публика овде во Словенија, многу важни работи за Македонија.
Ние ќе продолжиме со нашата борба за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Македонија и верувам дека уште на 24 април заедно на предвремените избори, работите во нашата земја ќе се сменат со промена на власта и пополека ќе чекориме кон модерните европски земји.

