(ВИДЕО) Заев, Ордановски, Марковски и Зеќири во „360 степени“: Луѓе на Иванов контактирале со криминалната група?!

од Vladimir Zorba
134 прегледи

Претседателот Иванов не бил информиран за полициската акција во Куманово и затоа заминал на пат за Москва. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „360 степени“, изјави дека на седницата на Советот за безбедност, премиерот Груевски се обидел да го брани Иванов за патувањето со образложение дека законите не дозволувале шефот на државата да биде информиран за акцијата.

timthumb (1)

Главниот уредник на ТВ Алсат-М, Мухамед Зеќири, кој гостуваше во емисијата, го повика Иванов да каже кои луѓе од неговото опкружување и институциите што се под негова надлежност имале контакти со криминалната група и со какви цели. И аналитичарот Сашо Ордановски изнесе сознанија за документирани средби на наши оперативци со криминалната група.