Внимателно се проучиваат и анализираат изјавите на рускиот лидер Владимир Путин за време на Големата прес-конференција, релиси во сите светски медиуми.Особено оние кои се однесуваат на прашањата на надворешната политика.

Американските медиуми ги цитираат зборовите на рускиот претседател на адреса на Доналд Трамп.На пример, изданието Politico нагласува дека Путин го одредил кандидатот за претседател на САД на републиканците како талентиран човек.Според него ексцентричниот милијардер е апсолутен лидер во трката. Американскиот политичар, за возврат, постојано јавно изразува восхит од постапките на Путин. Си Ен Ен потсетува дека Трамп во неколку наврати изјави дека ќе ги подобри односите со рускиот претседател, ако победи на претседателските избори.

Италијанската издание IL Giornale најмногу се засегнати од зборовите на Путин за тоа дека тој нема намера да ја менува својата позиција спрема Сирија.Претседателот на Русија изјави во текот на пресконференцијата дека жителите на Сирија сами треба да ја одредат својата иднина. Изданието обрна внимание и на зборовите на рускиот лидер за Турција, правејќи заклучок дека ескалацијата на тензиите во односите меѓу Москва и Анкара воопшто не се намалени.
Во меѓувреме британското издание Express сериозно е загрижено за активностите на Анкара.Тоа сугерира дека тензиите меѓу двете земји во крајна линија може да влијаат и врз ЕУ. Европа е погодена, главно, од овој конфликт поради прекинот на реализацијата на проектот “Турски поток”. Експертите се на мислење дека Турција при тоа ја чекаат сериозни енергетски проблеми. А ако Анкара се обрати кон другите земји-снабдувачи со гас, тогаш ова ќе им противречи на интересите на Европа. Големата и 11-та конференција на Путин птраеше над 3 часа. Во текот нејзиното рускиот претседател одговори на неколку десетици прашањам пред околу 1400 новинари кои беа на годишната прес конференција на Путин.