Во организација на албанската опозициска Демократска партија на поранешниот премиер Сали Бериша денеска пред албанската влада во Тирана се одржа протест против иницијативата „Отворен Балкан“, на кој беше запалено српското знаме.
Учесниците на протестот го запалија знамето на Србија истакнато во знак на добредојде на улицата која води кон Владата, по што следело бурно одобрување на насобраните.
Live / Albanians burn the Serbian flag in Tirana.
Dozens of Albanian citizens summoned by #SaliBerisha, are protesting in #Tirana against #AleksandarVucic and "#OpenBalkan" pic.twitter.com/I74zATfLhF— Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) December 20, 2021
Учесниците на протестот, предводени од Бериша, претходно се собраа пред седиштето на Демократската партија во Тирана, а потоа пешачеа до зградата на Владата, каде беше поставена бина, а недалеку од таму е и српската амбасада во Тирана, јавува Танјуг.
Медиумите деновиве објавија дека на протестот наводно ќе дојдат Албанци од Косово и Метохија, како и Албанци од таканаречената Прешевска долина.
@ediramatiktok Unë tradhëtar dhe ky patriot i bie apo jo😂 Zot ruaje Shqipërinë nga të marrët🙏
На видеото кое го објави Еди Рама, млад демонстрант се качува на бандера и оттаму паѓа во обид да тргне српско знаме.
„Јас сум предавник, а овој патриот, не е? Боже да ја спаси Албанија од будали“, напиша Рама во видеото објавено на Тик Ток, пренесува „ABC News“.
Во првата реакција, на Фејсбук, Рама потсети дека при неговата посета на плоштадите во Белград имало албански знамиња и дека полицијата ги уапсила оние кои ги запалиле.
Одговарајќи на обвинувањата за иницијативата Отворен Балкан, Рама рече дека во Белград зборувал албански и дека од Србија побарал признавање на Косово на мајчин јазик.
Главна тема на состанокот во Тирана е формирањето на единствен пазар на труд, како и единствена работна дозвола, која треба да заживее веќе на почетокот на 2022 година.