Бројот на загинатите при авионската несреќа во Тајван се издигна 21 лице, соопштуваат локалните медиуми. Спасувачите веќе ги открија црните кутии , а стручњаците почнаа со нивното дешифрирање. Инспекторите веќе почнаа декрипција на податоците на црните кутии на авионот на авиокомпанијата TransAsia, кој се урна денеска во околината на Тајпеј. За отворањето на црните кутии соопштија од Советот за воздухопловна безбедност на Тајван.
Според информациите на локалните медиуми, во моментот е потврдена смртта на 21 лица, 13 лица се спасени, но се и повредени. Покрај тоа, околу 20 лица се уште се водат за исчезнати.
Спасувачите не исклучуваат дека бројот на загинатите може да се зголеми, бидејќи урнатиот авион АTR-72 делумно е потонат. Патнички авион се урна при обид за полетување. Авионот излегол надвор од контрола, тргнал надолу, закачил на пат , и се растурил во реката.
За причините за несреќата е познато само дека временските услови биле поволни за лет, но пилотот веднаш по полетувањето три пати дал сигнал за катастрофа. Во авионотсе наоѓале 58 луѓе.