ВИДЕО: „Земјоделецот“ кој ги покажуваше гениталиите, денес го брани крстот

од Vladimir Zorba
72 прегледи

Oвој човек денеска во улога на жител на Бутел, бараше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да овозможи услови за да се изгради крстот. Истиот човек на 24 декември 2012 на протестите пред Собранието за донесувањето на буџетот се претставуваше како „земјоделец“ и ги покажуваше своите гениталии, објави А1он.

Untitled-11-647x320

Летото во 2013-та на протестите пред општина Центар во улога на „верник“ учествуваше во демолирање на општината и ќе остана запаметен по изјавата дека Жерновски е „антифашист“.

Пред две години на „Појадокот на мост“ беше бранител од здружението „Бедем“.

Минатото лето во кампот пред Собрание, ја „бранеше“ демократијата.