Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Западна Турција околу 12 часот и 50 минути, соопшти Европскиот сеизмолошки информативен центар.
Епицентарот е во Мраморното Море на длабочина од 12 километри. Една минута подоцна беше забележан втор земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала.
Во 13:02 часот, регистриран е трет земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Земјотресите предизвикаа паника кај населението во Истанбул. Засега нема пријави за материјална штета и човечки жртви.
Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала, бил во Мраморното Море, на половина пат помеѓу Радестос и Истанбул.
Како што соопшти Агенцијата за управување со природни катастрофи и вонредни ситуации (АФАД), епицентарот на овој земјотрес бил лоциран во морското подрачје на оддалеченост од 25,54 километри јужно од Силибрија, предградие кое се наоѓа западно од Истанбул. Фокусната длабочина на потресот била 6,99 километри. Земјотресот бил почувствуван во Силиври и некои области западно од Истанбул.
Оваа област е една од деловите што сеизмолозите ги нарекуваат „сеизмичка празнина“, односно, една од точките каде што најверојатно ќе се случи очекуваниот голем земјотрес во Истанбул, како што е објавено во студиите што се спроведени во врска со областа.
🇹🇷 TURQUIE : Un tremblement de terre de magnitude 6.2 vient de secouer #Istanbul. (@QUSAY_NOOR_) pic.twitter.com/99KzetS66A
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) April 23, 2025