Мистериозна група од жени џихадистки, мавтајќи со калашникови, побараа рамноправност со мажите во рамките на “Исламска држава”, се гледа од интернет клип. Видеото беше снимено од северна Сирија, пред црквата “Св. Симеон” и го покажува одредот “Жени за победа и сила” како маршираат и како скандираат дека пукаат не полошо од мажите и се не помалку подготвени да убиваат.