Денешното судење за нарачаните шлаканици за градоначалникот на Центар беше повторно одложено, Жерновски вели дека иако до вчера никој не верувал дека Груевски и луѓето околу него ќе одговараат, тоа денес се случува, информира а1он.
– Правдата доаѓа полека, но сигурно. Добри моменти доаѓаат за Република Македонија, работите ќе се решат, судството мора да почне да функционира, за мене тоа е последниот бастион кој што се уште е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, но и на таквото судство ќе му дојде крај. Кога ќе имаме ново судство во државата тогаш ќе одговараат криминалците, рече градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
За кандидатурата во општина Центар за локалните избори, Жерновски изјави дека процедурата во СДСМ е завршена и дека тој е еден од четирите предложени кандидати, останува само да се донесе заедничка одлука во партијата кој ќе биде кандидат за градоначалник во Центар.
Тој потврди дека се откажал од кандидатурата за градоначалник на Град Скопје со цел да остане фокусиран на започнатите проекти во Центар и додаде дека кандитатот на СДСМ за градоначалник на Скопје ќе ја добие неговата целосна поддршка како и поддршката од општината.
Целиот текст можете да го прочитате тука