(ВИДЕО) Жестоки судири меѓу пратениците и полицијата пред зградата на парламентот во Тирана!

од Milan1
39 прегледи

Во Тирана денеска дошло до физички конфликт меѓу пратениците на опозицијата и полицијата пред зградата на Собранието, кога пратениците се обиделе да влезат, но не им било дозволено. Полицијата насилно спречила граѓани и претставници на Демократската партија да влезат во дворот на Собранието, објави албански „Политико“.

Дел од социјалистите кои се упатија кон собранието, ги зедоа столчињата од Парламентот и ги фрлија во толпата пред собраниската говорница, јавува „А2 Си-Ен-Ен“.

По смирувањето на протестот, во дворот на Собранието останаа само редарите.

Сепак, според шефот на пратеничката група на демократите, Газмент Барди, полицаец извадил оружје, поради што дошло до физичка пресметка.

„Албаниан пост “ објави дека на фотографиите не се гледа како полицаец потегнува по оружје.

Инциденти имаше и пред градското собрание, каде опозиционерите запалија гуми.

Пратениците протестираат против, како што велат, корупција и злоупотреба на средства наменети за градската администрација.

Слични содржини