“Владимир Владимирович, војна ли доаѓа?”. Со ова прашање започнува “Миропорядък” (Светски ред) – документарен филм емитуван на руската државна телевизија во последните денови на декември. И во наредните два часа претседателот Владимир В. Путин, помогнатаод дипломати, политички аналитичари, конспиративни теоретичари и пензионирани странски државници, се обидува да даде одговор.
Иако рускиот лидер не создава паника, публиката е убедена дека ако ништо не се промени во следните месеци, Големата војна ќе биде неизбежна. А Кремљ не прави многу за да ги обесхрабри – денови по емитувањето на филмот, тој откри новата стратегија за национална безбедност, која ги најавува НАТО и САД за главни закани за Русија.
“Миропорјадок” е светол израз на сегашниот начин на размислување во Кремљ. Тој го покажува светот како место на работ на колапс, хаотично и опасно, во кое меѓународните институции се неефикасни и се заложници на амбициите и заблудите на Западот. Нуклеарните оружја се единствената гаранција за суверенитетот на една земја, кој пак се демонстрира преку подготвеност и способност за отпор против хегемонистичните амбиции на Вашингтон.
Економисти: Продавајте ги акциите, доаѓа колапс на пазарот!
На неколку пати филмот се фокусира на бомбардирањето на НАТО врз Југославија, војната на Џорџ Буш во Ирак и упоритата интервенција на Западот во локалните политики на постсоветските држави. Сето ова се прави со цел да се докаже главната идеја – дека проповеданите од Запад вредности и принципи ја маскираат калкулирачката политика (реалполитик), насочена кон светска хегемонија.
https://youtu.be/ZNhYzYUo42g
Некои од обвинувањата имаат познати причини – САД несомнено носат значителна одговорност за несреќата, која настапила во Блискиот Исток. Други од нив, сепак, очигледно се лажни – не секое масовно востание во светот е резултат на тајна операција на ЦИА. Сите овие обвинувања се доста претерани. Америка, на крајот, ниту е толку моќна, ниту толку зла, како што ја презентира Кремљ.
Главната контрадикција во руското гледиште за американската надворешна политика е дека, од една страна, Москва тврди дека Америка поставувањ сила, а од друга, се обидува да објасни сè што се случува во светот, како резултат на надворешно-политичките активности на САД.
Успеваат ли се напорите на Вашингтон да наметне стабилност на Блискиот Исток? Или пак стратегијата на Белата куќа е намерна да поддржува нестабилност во регионот? Неверојатно, Москва верува и во двете.
Уште поважно е дека филмот предизвикал широко мислење за Путин како за ладнокрвна реалист, циник кој не верува во ништо друго освен во силата, и ги минува своите денови замислен над карти и проверувајќи банкарски извештаи.
Во “Миропорадок” го гледаме Путин како гневен моралист кој, слично на европските популисти и радикалистите од третиот свет, го гледа светот низ призмата на понижување и исклучување.
Како што напиша еднаш најблискиот советник на Путин, Владислав Сурков: “Сеуште изгледаме како оние момчиња од работничките населби на градот, одеднаш се нашле во бизнис квартовите. И сигурно ќе не одиграат, ако продолжиме да се попречуваме и да зјапаме “.
Таквото исклучување подгрева недовербата и тренд на светот да се гледа како на семејна драма, изградена околу љубов, омраза и предавство. Наместо таква чувствителност, наместо реалполитиак од XIX в., ја јаснува политиката на Москва во последните години.
Пример за ова се руско-турските односи. Наместо да се придржува кон реализмот на надворешната политика, Кремљ изгледа ја согледува сентиментални политиката на голема сила. До пред два месеци Анкара беше стратешки сојузник на Русија во борбата за мултиполарниот свет. Турција беше единствениот член на НАТО, кој одби да се приклучи кон санкциите против Русија по анексија на Крим. Анкара имаше и главно место во енергетската дипломатија на Москва.
Доволно беше турска ракета да погоди руски авион на сириската граница и одеднаш турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган веќе не е пријател, туку предавник кој “помага на терористите”, како што го нарече Путин, звучно лично навреден.

Во срцето на рускиот надворешнополитички сантиментализам е склоноста да се разгледуваат односите меѓу државите како односи меѓу нивните лидери. Токму ова силно персонализирано гледиште за светот објаснува зошто Путин – човекот кој се обидува да ја скрши Америка, е толку ентузијастички поддржувач на Доналд Трамп, “брилијантен и талентиран лидер” кој ветува дека ќе ја врати величината на Америка.
Симпатиите на Путин кон Трамп немаат ништо заедничко со традиционалните преференции на Кремљ кон републиканците. Не можат да се објаснат и со фактот дека ако беше Американец, здрав, постар, љубиtел на оружјето анти-геј конзервативец , Путин ќе беше совршен поддржувач на Трамп.
Не се резултат и на тактичко осмислување дека налудничавиот милијардер ќе ја раздвои Америка и ќе ја натера да изгледа смешна.
Збунувачки ентузијазам на Путин за Трамп наскоро се корени во фактот дека и двајцата живеат во сапунска опера во која владеат не интересите, туку емоциите.
Можеби Путин верува на Трамп, бидејќи американскиот бизнисмен го потсетува на единствениот вистински пријател на рускиот претседател меѓу светските лидери – поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.
Во “Миропорјадок” има многу дискусии за нови правила и институции, за Јалта и Обединетите нации. Но пораката е јасна – во свет во кој владее хипокризијата, може да се верува само на лути аутсајдери.
Коментарот е на Иван Крастев објавен во “Њујорк тајмс”
