Ви го пренесуваме вечерашното издание на емисијата „Топ тема“ на Телма, во кое гостуваше јавниот обвинител Марко Зврлевски, кој одговараше на многу прашања за аферите со „бомбите“, за специјалното обвинителство, за обвинувањата дека работи за партијата на власт, за блискоста со Мијалков… 
Сепак, и покрај многуте прашања тој не даде многу различни одговори, односно најчесто се повикуваше на законите и процедурите.
Чомовски му пушти и снимка од „бомбите“ во која Јанкулоска му кажува на Ставрески дека му дала задача на Зврлевски, во однос на некое обвинение, но тој го негираше тоа, што значи дека, според него, Јанкулоска го излажала Ставрески.
Емисијата предизвика големи реакции на социјалните мрежи и многу негативни коментари за Зврлевски.