(ВИДЕО)Авионот на FlyDubai кружел два часа над Ростов на Дон пред да се забие во пистата

од Vladimir Zorba
101 прегледи

 

Силен ветер или грешка на пилотот довеле до трагедијата

 20160319.obwdokzxgw

Според податоците на порталот Flightradar24 кој во реално време ги следи координатите на летовите, авионот Boeing-738 два часа вртел во круг над градот пред да падне. Од менаџментот на руското Министерство за вонредни ситуации за Ростовската област соопштија за “Звезда” дека авионот се распаднал на патеката за слетување. При несреќата преживеани нема.За претходни информации, во авионот се наоѓале 55 патници и членови на екипажот. Вкупно 61 лице. Според првичната верзија, авионот се урнал поради лошите временски услови, имало силен ветер. Можна причина за несреќата е и грешка на пилотот.
ростов

Според информација на регионалниот центар на руското Министерство за вонредни ситуации, на авионот   се наоѓале главно жители на Ростов на Дон, како и тројца странци. Според информација на Интерфакс, во авионот  имало организирана група  туристи, кои отишле на одмор во Дубаи со цели семејства.

 Се урна авион на FlyDubai во Ростов на Дон- нема преживеани