Снимката објавена на ЈУтуб пред неколку дена го покажува на дело најмоќниот руски ракетен фрлач кој ги гаѓа локациите на ИСИС на соседниот рид во Латакија, пишува Спутник Њус.

Солнтсепиок, односно Вжештено сонце, е фрлач со термобарички ракети дизајниран за уништување на непријателските утврдувања и оклопни возила. Термобаричките проектили посебно се ефектни во ридести подрачја каде нивната експлозивна моќ при поволни услови може да биде неколкупати посилна. Прецизноста им е од три од четири километри.
Во центарот на експлозијата температурата е 1000 степени Целзјусови.
https://www.youtube.com/watch?v=3SrKZd5tpNo