Мртовечки ковчег со речиси 500 килограми црн кавијар, проценет на 150 000 евра, беше фатен во Хабароскиот крај во Русија.

Автомобилот на погребното претпријатие бил запрен од полицијата поради брзо возење. Возачот објаснил дека возат почината жена од село Светилник кон мртовечница,па дури покажале и нејзина слика со погребна лента.
Но,сепак полицијата сакала да направи проверка, па решиле да погледнат во сандакот.Внатре имале што да видат. Откриле 956 кутии со црн кавијар.
При сослушувањето шверцерите рекле дека непознат жител на село Светилник ги замолиле да го превезат телото на негова роднина и им платил 25 000 рубљи или околу 300 евра.
Наводно тие не знаеле што носеле во мртовечкиот ковчег.