За време на патриотски митинг во источниот украински град Харков, што е под контрола на Киев и се наоѓа на околу 200 километри од зоната на борбени дејствија, денеска претпладне експлодира бомба,соопштија локалните медиуми.
Три лица загинале пријавени УНИАН. Една од жртвите е милиционер, пренесува агенцијата повикувајќи се на информации од областното управување на МВР. Повредените се повеќе од 10. Меѓу нив има двајца борци на баталјонот “Харков-1”, една жена, која ги носела симболите на “Десниот сектор” и претставник на полицијата.
Украинската служба за безбедност приведе неколку лица кои се осомничени за предизвикување на експлозијата за време на процесијата во центарот на градот Харков, пренесе Интерфакс.
Засега нема информации за бројот на уапсените. Тие се осомничени за извршување на злосторства, слични со терористичката дејност, како и за експлозијата во Харков.

