(ВИДЕО/ФОТО) ДАЕШ ја најавиле касапницата во Џакарта како “одење на концерт”

од desk3
90 прегледи

“Одиме на концерт” и “ќе има концерт” – тоа била лозинката за крвавите атентати кои ја потопија индонезиската престолнина Џакарта во крв. Потсетуваме дека најголемиот трговски центар во градот “Саринах” и неколку деловни згради беа нападнати со бомби од камикази.Резултатот е 7 загинати и стотици ранети.Експертот за тероризам Сиднеј Џонс е категоричен дека инспиратор на нападот во Џакарта е Бахрум Наим- азиски лидер на ДАЕШ. Ден по нападот во Париз на 13 ноември тој пушта статија во блог, насловена “Лекциите кои треба да се запаметат од нападот во Париз”, пишува “Дејли Меил”. Во неа терористот ги предупредува своите индонезиски следбеници внимателно да го проучат планирањето, поставеноста на силите и текот на злосторствата во француската престолнина.

20160115.bihzpypwyw

Портпаролот на полицијата на Индонезија Антон Чарлиан дополнува: “Наши информатори ни објавија дека луѓето од ДАЕШ се сретнале ден пред да нападнат во Џакарта и си рековме ќе ја стават Индонезија во светските вести, бидејќи оделе на концерт каков што луѓето не виделе “.