(ВИДЕО+ФОТО) И покрај силното невреме во Скопје – поддршка за СЈО

од Vladimir Zorba
87 прегледи

timthumb (1)

Почна протестниот марш. Граѓаните со чадори и кабаници се движат кон мостот Гоце Делчев

Граѓаните преходно се собираа пред СЈО за денешниот протест на Шарената Револуција. Иако има големо невреме и силен дожд тоа демонстрантите не ги поколеба да се откажат од најавениот протест. timthumb (3)

Главната парола на денешниот протест е: „Правдата е Устав, СЈО е правда!!!“

timthumb (2)

timthumb
Граѓанските иницијативи „Шарена револуција“ и „Го сакам ГТЦ“ за денеска пред Специјалното јавно обвинителство најавија заеднички протест.
„Шарената револуција“ на денешниот протест ќе бара Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

„Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и на тој начин да се овозможи да одговараат сите функционери што преземале криминални дејства. Ова го бараат граѓаните, заедниците и политичките фактори што се борат за демократизација на Република Македонија. Заштитата на СЈО е гаранција дека ќе има правда во Македонија, но власта и Уставниот суд упорно се противат на волјата на граѓаните и подготвуваат опасен план за криминалот да продолжи да владее. Затоа, протестираме против овој режим! Протестираме за да има правда! Протестираме за одбрана на СЈО! Протестираме в среда, 6 јули, 19 часот, пред нашата тврдина – Специјалното јавно обвинителство! “, пишува во најавата за протестот.
Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ бара од граѓаните да направат уште еден напор за да го спасат Градскиот трговски центар од менување на фасадата во барокен стил.
„Оваа влада е целосно исклучена од реалноста. Дента кога ЕУ ги блокираше ИПА-фондовите и блокираше големи инфраструктурни проекти, како автопатот кај Демир Капија и пругата кон Бугарија, тие ѝ ги одзедоа надлежностите на Општина Центар за да потрошат нови десетици милиони евра на уништување на културно наследство. Со оваа влада нема разбирање, а „Скопје 2014“ може да се спречи само ако владата падне. Затоа, ги повикуваме сите наши поддржувачи да се приклучат на протестот на „Шарената револуција“ в среда. Покрај правда и слобода, од улица да се избориме и за нашиот ГТЦ!“, се вели во повикот што го објави здружението „Го сакам ГТЦ“ на својот фејсбук-профил./извори а1он и Мета