Со бојадисување на Собранието заврши протестот. Катапултот повторно беше во рацете на учесниците на Шарената револуција. Собранието беше гаѓано со топки со боја.Демонстрантите на Шарената револуција пред Собранието, ги пречека песната „Во борба“, која беше пуштена на звучници.
Со бојадисување на Собранието заврши протестот на #ШаренаРеволуција #протестирам pic.twitter.com/T8ByXoC5hz
— META.mk (@meta_agency) May 24, 2016
Тие претходно го и обоија Министерството за правда, и испишаа графити како „Нема правда, нема мир“.
Ечи “Во борба, во борба” пред Собрание #протестирам #ШаренаРеволуција pic.twitter.com/k0matUiime
— META.mk (@meta_agency) May 24, 2016
Демонстрантите испишаа: Ако нема правда, нема мир! #протестирам #ШаренаРеволуција pic.twitter.com/5UOhNULSLM
— META.mk (@meta_agency) May 24, 2016
Повторно обоено министерство за правда #протестирам pic.twitter.com/YFvfzek3tW
— META.mk (@meta_agency) May 24, 2016
Пред тоа ја ишарааа оградата на владата. Се соочија и со полициска барикада на мостот „Гоце Делчев“, а позади неа се наоѓаше и еден од снимателите на Чавков./видео Мета
Под мотото „Став наместо страв“ во 18 часот пред СЈО започна денешниот протест на Шарената револуција. И денеска тука се куклите со ликовите на аболицираните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, кои се ставени во импровизиран затвор.





