Автомобил-бомба се експлодирала во провинцијата Мардин, има повредени.
Нова моќна експлозија ја потресе Турција, пренесува “Ројтерс”. Според првичните информации, автомобил-бомба експлодирал во провинцијата Мардин, во југоисточниот дел на земјата.
Експлозијата се случила во близина на полициска станица, по 11 часот по локално време.

Забележани се многу повредени. Во моментот се уште нема информации за загинати. На местото се испратени амбулантни возила.
Да потсетиме дека вчера Истанбул беше потресен од силна експлозија, при што загинаа 12 лица, а над 30 беа повредени.
Цел на нападот беше полициски автобус.


