Властите во Белгија пуштија ново видео кое покажува на кој начин третиот осомничен терорист за нападите на бриселскиот аеродром “Завентем” избегал, пренесува ВВС.

Откако тој го напуштил аеродромот, на видеото се гледа маршрутата низ која поминал терористот, Тој одел повеќе од 10 километри.

Мажот е со светла јакна и шапка на главата. Од полицијата изјавија дека тој подоцна ја фрлил јакната. Обвинителството ги замоли сите кои го виделе мажот да се поврзат со истражителите.
https://youtu.be/eso1zW-eRqg
Потсетуваме дека на 22 март терористи од “Исламска држава” го нападнаа аеродромот и метрото на белгиската престолнина, а како резултат наападите загинаа 32 лица. Зад нападот на аеродромот “Завентем” стојат три лица. Двајца од нив загинаа во експлозиите, а третиот се уште е на слобода.
https://youtu.be/Wxd7H2_n5qc
