(ВИДЕО+ФОТО) Падна скелето, ама Владата уште се држи!

од Vladimir Zorba
86 прегледи

skele-pred-vlada-860x680

Скелето поставено пред Владата се урна под налетот на силниот ветер и дожд. Нема повредени помеѓу припадниците на полицијата кои стоеја од другата страна на оградата во непосредна близина на скелето.


Насобраната маса веднаш се стрча кон оградата, но откако забележа дека припадниците на безбедносните сили се во ред, почна да извикува „Пада влада“ и „Ружна ви е владата“.

По инцидентот насобраните демонстранти ја напуштија улицата пред зградата на Владата, а силниот ветер и дождот не ги спречи да побараат оставка и да порачаат „Затвор не ти бега Никола“./извор Мета