Полицијата ги сопре демонстрантите пред министерството за финансии.„1.1 милијарди причини за крај” е мотото на демонстрантите на вечерашниот протест на Шарената револиција во Скопје. Граѓаните кои се собираа пред седиштето на СЈО тргнаа кон Министерството за финансии. Но, во таа намера беа спречени од полицијата, чиј кордон е поставен наспроти демонстрантите.
Сите приоди кон министерството за финансии се блокирани од полиција #протестирам #ШаренаРеволуција pic.twitter.com/itvsEMqM7h
— META.mk (@meta_agency) July 11, 2016
#Шаренареволуција #Протестирам pic.twitter.com/WL0hBSgvPR
— META.mk (@meta_agency) July 11, 2016
Граѓанското движење повикува на протест против одлуката на Владата да се задолжи кај комерцијалните банки со еврообврзница од 650 милиони евра.
Полицијата ги сопре демонстрантите пред министерството за финансии #Шаренареволуција #Протестирам pic.twitter.com/0b4eygJFZ1
— META.mk (@meta_agency) July 11, 2016
„Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално“, стои во повикот за протестот.
Одуката на Владата за задолжување беше објавена во петокот, а викендов веб страницата “Јавен долг објави линк до граѓанска петиција “Не за еврообврзницата”, со која се повикуваат сите одговорни граѓани на Македонија, да се потпишат дека не ја признаваат еврообврзницата од 650 милиони евра.









