Демонстрантите се пред Кривичен суд во Скопје.
Полициски кордон пред Основниот суд. Се очекуваат говори на бината #ШаренаРеволиција #Протестирам #П pic.twitter.com/wyLprtROmK
— META.mk (@meta_agency) May 3, 2016
Голем број на граѓани со сирени и знамиња протестираат по малата пауза за време на Велигденските празници.
Тие својот протестен марш го запозчнаа пред Специјалното јавно обвинителство, со цел вечерва да посочат на партизираното и корумпирано судство. Гласно извикуваат „Нема правда, нема мир“, „Оставка“, „Робија“.

Граѓаните како и претходните денови бараат оставка на Иванов и повлекување на аболицијата, а бараат и одложување на изборите закажани за 5-ти јуни. / видео Мета


