Шарените балони со ликовите на аболираните лица беа пуштени во воздух вечерва во Скопје од страна на граѓаните, кои учествуваат на протестот посветен на корупцијата.
Шарените балони со ликовите на аболираните беа пуштени во воздух #протестирам pic.twitter.com/T7hkBzcxIn
— META.mk (@meta_agency) May 6, 2016
Активистите на „Шарената револуција“ ги донесоа балоните кои им ги поделија на насобраните демонстранти. На балоните беа закачени фотографии од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а една од нив беше запалена.
На протестот има и автомобил во боите на „Шарената револуција“ од кој се слушаат револуционерни песни./извор Мета


