Светската музичка икона Роби Вилијамс, одржа спектакуларен концерт вчеравечер пред публика од повеќе од 33.000 луѓе на Ушче, пренесуваат српските медиуми..jpg)
Во духот на слоганот Get ExcITed, публиката со овации го следеше концертот кој траеше речиси два часа, во текот на кој беа изведени најголемите хитови на Роби.
На почетокот на концертот Роби ја поздрави публиката со „Србија, добро вече“, а потоа се претстави со „Јас сум Роби е*ан Вилијамс, и наредните два часа вашите г*зиња се мои!“
Колку беше тој самиот воодушевен од публиката покажа кога рече: „Србијо, прекрасна си! Јас сум твој! Ќе раскажам на целиот свет за сите вас!“
Публиката пееше хорски следејќи апсолутен аудио-возуелен спектакл, со дури 20 членови на бендот на сцената.
Додека публиката чекаше да се појави Роби на сцената, за нив атмосферата ја загреваа ѕвездите од Икс фактор, а потоа и момците од дуото 2Cellos.
По завршувањето на концертот ѕвездата се огласи и на Твитер, споделувајќи: „Србија: Не знам што очекував, но не го очекував тоа. Бевте неверојатни вечерва, не можам да дочекам да се вратам X “.
Serbia: I don't know what I was expecting, but I wasn't expecting that. You were amazing tonight, can't wait to come back x
— Robbie Williams (@robbiewilliams) June 17, 2015